Италијанскиот моден двоец Долче и Габана, вчера ја објави својата најнова модна кампања каде што се појавува и нашиот модел Ивана Манас.
Кампањата беше инспирирана од фолклорот и естетските визии на Сицилија, очекувано за нивното создавање. Прекрасната кампања за сезоната есен/зима 2021 ја изработи маестралниот фотограф Јурген Телер.