Печени моркови со пармезан

Морковите се зеленчук кој е богат со витамини и минерали и се користи во исхраната преку целата година во најразлични форми. Може да се употребува свеж во салати, но и при подготовка на најразлични јадења пропржен, сварен или печен.

За денес ви предлагаме печени моркови со пармезан, рецепт кој се подготвува брзо и едноставно, а е навистина вкусна закуска која може да послужи како мезе или како прилог со главното јадење.

Излупете ги и измијте ги морковите, а потоа исецкајте ги на парчиња по должина налик ленти. Наредете ги на хартија за печење во тава, посипете со малку масло, сол и бибер, а може да ставите и некој друг зачин по желба. Ставете ги во рерна на 200 степени и печете додека не се зацрвенат. Кога ќе бидат скоро готови, извадете ги и пропрскајте со ситно изрендан пармезан и вратете во рерна уште 5 минути.

Сервирајте со сос по желба и уживајте во растопениот солен вкус на пармезанот и во совршено испечените меки моркови. По избор, може да наросите и со свеж магдонос или босилек.

На здравје!

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.