Понеделниците се олицетворение на новите почетоци со самото тоа што се почеток на нова работна недела, и со себе носат доза надеж и ентузијазам за целата недела што претстои.
Откако убаво сме се одмориле за викендот, особено за време на продолжен викенд како изминатиов, време е за работа и ентузијастички чекори.
За денешниот понеделник и во склад со неговата природа, избравме тиркизна комбинација која едноставно плени со јачината на колоритот и ја манифестира радоста на летото преку тиркизната боја која потсетува на широките пространства море.
Широки тиркизни панталони на ластик со врвки во средината и со џебови на страните, ќе биде ваш идеален придружник во овој летен понеделник. Овие прекрасни панталони ги комбинираме со широка памучна маичка чија основа е исто така тиркизна, а е прошарана со многу апстрактни елементи во повеќе бои.
Комплетираме со ниски сандали со темно сини и тиркизно-црни моменти и кафени очила за сонце и ви посакуваме успешен и инспиративен понеделник.