Замислете си желба и ќе ви биде остварена – новата Bridal колекција на ЕЛЕНА ЛУКА ви ја носи магијата на исполнувањето.
Со секој детаљ, со совршеноста на изработката, со љубовта во создавањето секоја креација е приказна за себе, како што е и секоја невеста на нејзиниот посебен ден.
Дизајни што ја слават највозвишената емоција, венчаници што ја дефинираат елеганцијата, раскошот и сета убавина на еден нов почеток.
Bridal колекцијата на ЕЛЕНА ЛУКА е ода на современата жена, на дамата која знае што сака во најмагичниот момент.
Од деликатна тантела до блескава монистра, секоја нишка на белиот канвас создава спомени за паметење и говори за посветеноста на нашиот бренд.