На сите ни е познато дека балансиран начин на исхрана е најдобар начин за да му обезбедиме на организмот да ги добие сите потребни нутриенти на дневно ниво за нормално функционирање. Но исто така знаеме и дека со овој брз начин на живеење, некогаш самата храна не е доволна, па затоа мора да внесуваме и витамини одобрени од експерти на ова поле, за ефективно да го суплементираме нашиот организам. Ако планирате да почнете да внесувате витамини во своето секојдневие, ќе ви проследиме некои совети кои експертите ги имаат за вас, вклучувајќи го и времето во кое треба да се внесуваат во текот на денот.
Нутриционистот Суман Агарвал вели дека земањето мултивитамин може да биде добро на било која возраст. “Сите луѓе чиишто потреби за внес на витамини и минерали не го достигнуваат потребното ниво преку регуларната исхрана, треба да го посетат својот доктор за да се советуваат и да започнат со земање мултивитамини на дневно ниво.” – вели таа.
Доктор Вишаха Шивдасани потенцира дека различни витамини се клуч во различни периоди од животот. “На пример, на бремените жени им се потребни фолна киселина и железо; на жените им е потребно железо за време на месечниот менструален циклус; вегетаријанците најчесто имаат дефицит на витамин Б12; на постарите луѓе најчесто им треба калциум; поголем дел од популацијата има потреба од витамин Д постојано; итн.
Агарвал вели дека мултивитаминот што би го земале, треба да ги содржи сите Б-комплекс витамини, за да ги поткрепи нутриентите што се вообичаено исцрпени како резултат на нашиот модерен и брз животен стил. Таа исто така ја истакнува важноста на земањето минерали како цинк, селен, железо и калциум, заедно со витамини како А, Д, и Е.